
Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, верува дека неговите играчи ќе се снајдат во отсуство на Лионел Меси во групната фаза од Лигата на шампионите. ПСЖ вечерва е домаќин на Бенфика на „Паркот на принцовите“, откако минатиот меч во Лисабон заврши 1-1.
„Знаеме дека Лео е многу важен за нашата игра, неговата форма и односот што може да го има со другите играчи. Не можеме да се радуваме на неговото отсуство. Но, ќе мора да најдеме други начини да создадеме опасност за одбраната на Бенфика“, изјави Галтие.
Аргентинецот заработи повреда на потколеницата на првиот натпревар меѓу двата тима во Лисабон пред една недела и мораше да биде заменет во 81. минута од натпреварот. Тој не играше за ПСЖ на првенствената пресметка против Реимс во саботата.
„Мораме да создадеме други можности. Кога е Меси во составот, ние играме многу повеќе со топката во средниот ред. Работевме напорно на тоа за да донесеме поголема разновидност во нападот“, дополни тренерот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
