
Кристијано Роналдо и понатаму е заинтересиран да го напушти Манчестер Јунајтед, а расположен е за преселба и во клубот од МЛС – лигата, Интер Мајами, кој е во сопственост на легендата на „црвените ѓаволи“, Дејвид Бекам, тврди „Манчестер Ивнинг њуз“.
Португалецот сакаше да ги напушти „црвените ѓаволи“ во текот на летото, но не успеа да најде тим и мораше да остане на „Олд Трафорд“.
Роналдо ќе наполни 38 години следниот февруари, но смета дека се уште може да игра на врвно ниво. Тој го постигна победничкиот гол за Манчестер Јунајтед во триумфот (1-2) над Евертон во неделата и стигна до фантастична бројка од 700 гола на клупско ниво во кариерата.
Напаѓачот започна само еден натпревар во Премиер – лигата оваа сезона и беше оставен на клупата за резерви во убедливиот пораз од Манчестер Сити (6-3).
Американскиот клуб Интер Мајами покажа интерес за Кристијано Роналдо, а тој е отворен за идејата да игра во МЛС – лигата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
