Лионел Меси нема да игра против Бенфика во Лигата на шампионите, потврди денеска Пари Сен Жермен.
Меси минатата недела го напушти теренот на дуелот со Бенфика во Лисабон, бидејќи не сакаше повредата да биде од посериозна природа.
Го пропушти гостувањето кај Реимс во францускиот шампионат, а исто така е одлучено да не ризикува и на реваншот со Бенфика, па се очекува повторно да биде заменет со Карлос Солер.
ПСЖ и Бенфика имаат по седум бода, ова е меч за првото место, што сака да го искористи Јувентус, кој има три бода и гостува кај Макаби во Хаифа.
Натпреварот ПСЖ – Бенфика се игра утревечер од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













