
Еден од сопствениците на Челси, Џонатан Голдстајн, ја објасни одлуката на клубот да го отпушти менаџерот Томас Тухел и да го замени со Грем Потер. Отказот за Германецот по само неколку натпревари во сезоната беше големо изненадување, и покрај неубедливиот настап на тимот.
На „Стемфорд Бриџ“, сепак, веруваат дека донеле вистинска одлука.
„Тоа беше заедничка одлука и ја донесовме мислејќи дека долгорочно ќе биде во најдобар интерес за клубот. На крајот целта е да се обезбеди потребната хармонија меѓу раководството на тимот и сопствениците. Во тоа време сметавме дека токму тоа недостасува“, призна Голдстајн.
„Воодушевени сме што Грем Потер го презеде тимот“, дополни тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
