Вест Хем и Кристал Палас остварија домашни победи во Премиер – лигата. Вест Хем стигна до втор последовен триумф откако на домашен терен го совлада Фулам со 3-1. Гостите поведоа со голот на Андреас Переира во петтата минута, но израмни Џерод Боувен од пенал во 29.минута.
Во вториот дел, Џанлука Скамака се погрижи за пресврт во 62.минута, а Маихаил Антонио го потврди триумфот во судиското продолжение.
Кристал Палас славеше против Лидс Јунајтед со 2-1. Паскал Струијк во десеттата минута го изненади домашниот тим, но одговорот за израмнување стигна преку Одсон Едуард. Во второто полувреме Езе постигна победнички гол за Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













