Брегалница во дербито на десеттото коло од Првата лига, денеска (14 часот) гостува во Тетово и ќе ги одмери силите со Шкендија. Шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски, вели дека не отстапува од својот офанзивен концепт на игра, но очекува и далеку повисока процентуална ефикасност во нападот.
„Сигурно не отстапуваме од нашата филозофија на игра, а тоа е напаѓачки фудбал без разлика кој е противникот од спротивната страна. Така ќе биде и против Шкендија. Не може да искажам замерки за играчите од сработеното на терен, но останува уште, се чини, најголемиот проблем а тоа е реализацијата. Не можеме да бидеме задоволни од неефикасноста во нападот, но верувам дека на следните натпревари ќе биде многу подобро и од тој аспект“, вели Ѓорѓиоски.
Шкендија очекува нов триумф, а тоа го најавува голманот Костадин Захов.
„Со доаѓањето на тренерот Ќатип Османи, добивме на сигурност и самодоверба. Верувам дека и денеска ќе одиграме квалитетно, иако ја респектираме максимално Брегалница. Но, Шкендија сака победа, тоа е јасно“, вели Захов.
Интересно ќе биде и во Струмица, каде Академија Пандев е домаќин на Шкупи. Тоа е пресметка и на некогашните соработници од Вардар, Александар Васоски и Гоце Седлоски, кои сега се кормилари на двете екипи.
Скопје го пречекува Работнички на „Автокоманда“, а во Кратово, Силекс ќе ја пречека Победа.
Вчера, Тиквеш ја совлада Македонија ЃП со 4-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО (14 часот)
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС – ПОБЕДА
ВЧЕРА: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













