
Валенсија ја оствари четвртата победа во Ла Лига оваа сезона откако славеше на гости против Осасуна со 1-2. Џастин Клајверт во 28.минута го отвори резултатот, а Муктар Дијакаби во 54.минута зголеми на 0-2.
Осасуна пропушти да се врати во игра откако Авила не реализира пенал во 57.минута, а потоа домаќинот остана со играч помалку поради исклучувањето на Унаи Гарсија.
Во 70.минута Кавани не искористи пенал за Валенсија, а и Дијакаби беше исклучен во 90.минута од мечот.
Осасуна постигна почесен гол во 94.минута кога Дарко Брашанац стрелаше на вистинското место. Потоа беше доделен црвен картон и за Рубен Пена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
