Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, беше негативен на тестот за Ковид-19 откако се зарази со инфекција, но сепак ќе го пропушти саботниот дуел со Борусија Дортмунд. Тестот е негативен, но, сепак, тој се уште чувствува симптоми на болеста.
„Тој нема да игра“, изјави на денешната прес-конференција тренерот Џулијан Нагелсман.
И играчот од средниот ред Џошуа Кимич беше негативен на коронавирус, но во последен момент ќе биде одлучено дали ќе патува со тимот.
„Ќе почекаме да видиме како ќе се чувствува после тренингот, а потоа ќе одлучиме дали има смисла тој да патува“, додаде младиот стратег.
И Милер и Кимих минатата недела беа позитивни на коронавирусот, поради што не беа вклучени во составот за натпреварот од Лигата на шампионите со Плзен.
„Џош не чувствува ништо. Претпоставувам дека ќе патува со нас”.
Кингсли Коман, кој беше надвор од терените од почетокот на септември поради скинати мускулни влакна, ги помина сите фитнес тестови.
Сепак, крилниот напаѓач се уште не е подготвен да биде стартер, појасни тренерот на Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal