
Дарвин Нуњез призна дека неговата адаптација кон англискиот фудбал оди бавно. Уругваецот, кој летото дојде како големо засилување од Бенфика, постигна гол на првите два натпревари за Ливерпул, но потоа доби голема суспензија и оттогаш головите престанаа.
„Тешко ми е целосно да се адаптирам, но верувам дека со тренинзи и натпревари тоа ќе се случи“, изјави тој во интервју за „ТНТ Спортс Бразил“.
„По црвениот картон ми беше многу тешко повторно да се концентрирам. Бев казнет на цели три натпревари поради моја лична грешка и ќе се обидам никогаш повеќе да не ја повторам. Знам дека треба да бидам посмирен и помалку да зборувам. Сите прават грешки и ова ќе ми биде поука“.
„Сè уште не знам англиски, а Клоп не знае шпански. Пеп и Витор ми преведуваат кога менаџерот разговара со играчите. Тие се секогаш тука и ми кажуваат што треба да правам. Ако не се таму , ќе одам на теренот и нема да имам идеја што да правам“, продолжи уругвајскиот репрезентативец.
„Сепак, знам дека менаџерот ме поддржува. Ова ми дава самодоверба и се надевам дека ќе му се оддолжам на теренот“, истакна Дарвин Нуњез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
