
Арсенал ја оствари втората победа во Лига Европа откако на домашен терен го совлада Бодо/Глимт со 3-0. „Топчиите“ поведоа со голот на Едвард Нкетија, а Рон Холдинг зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Фабио Виеира.
Езгјан Алиоски беше подобар од Иван Тричковски во дуелот на нивните тимови. Фенербахче славеше со 2-0. Мичи Батшиаи го постигна првиот гол за Фенербахче, а потоа Мамас си даде автогол.
Бетис ја совлада Рома на гости со 1-2. Пауло Дибала донесе предност за „волчицата“ од пенал, но пред полувремето израмни Гвидо Родригез, а Луис Енрике во 88.минута се погрижи за целосен пресврт. Николо Заниоло доби црвен картон во судиското продолжение.
Фрајбург го победи Нант со 2-0, а Карабах го изненади Олимпијакос на гости со триумф од 0-3. Рен беше подобар од Динамо Киев со 2-1.
Митјиланд и Феенорд ремизираа 2-2, а белгискиот Ројал Унион победи на гости против Брага со 1-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
