
Српскиот првак Црвена Звезда оствари убедлив триумф (4-1) на домашен терен против Ференцварош и дојде до првите три бода во групата од Лигата на Европа. Ференцварош и Монако имаат по шест.
Гејлор Канга беше двоен стрелец, а погодија и Митровиќ и Катаи.
Манчестер Јунајтед славеше со 2-3 на гости кај Омонија. Маркус Рашфорд беше двоен стрелец, а погоди и Марсијал, откако Омонија имаше водство по првиот дел со голот на Ансарифард.
Монако со 3-1 го совлада Трабзонспор на Енис Барди. Бен Једер постигна два гола за францускиот тим, а погоди и Дисаси.
ПСВ со 1-5 славеше на гости против Цирих, а Реал Сосиедад го победи Шериф со 0-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
