Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека неговата екипа направила премногу грешки при поразот (3-0) од Челси во групната фаза од Лигата на шампионите.
„Требаше подобро, тоа е сигурно. Не почнавме лошо, но изгубивме ритам и грешивме и без да бидеме притиснати. Кога правиш толку многу грешки против толку силен противник, станува доста тешко“, изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
„Не е важно колку играчи ни недостасуваат. Мислев дека тимот е подготвен да го игра овој натпревар. Знаевме кои се опасностите, но постојано ја губевме топката или правевме погрешни додавања, па му отворавме голем простор на Челси“, изјави тренерот на Милан.
„Загубите треба да ни помогнат да растеме, да бидеме попосветени и фокусирани. Поразот е сигурно тежок, но ќе имаме можност да покажеме каква екипа сме в сабота“, додаде Пиоли, во пресрет на претстојното дерби со Јувентус во Серија А.
„Нормално е да има разочарување во тимот. Момците се лути што не можеа да се претстават најдобро што можат, но тоа ќе не мотивира за во иднина“, заклучи Стефано Пиоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













