
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек и оваа сезона не добива доволно минутажа. Тој не го минува најдобриот период во кариерата на „Олд Трафорд“ откако дојде од Ајакс во 2020 година.
Му предвидуваа светла иднина, но засега ништо од тоа.
Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, Ван де Бек со трансфер во Серија А би можел да се врати во формата која им го препорача на „црвените ѓаволи“.
Интер е во потрага по играч за врска кој би го заменил повредениот Марсело Брозовиќ, а раководството на „нероаѕурите“ смета дека Холанѓанецот е идеален играч за испразнетото место.
Тој би можел во јануари да дојде на позајмица, со опција за откуп на договорот.
Ван де Бек оваа сезона запиша само 19 минути во дресот на Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
