Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер ќе мора да мирува неколку недели. Тој заработи непријатна повреда која ќе го оддалечи од терените до Светското првенство во Катар, а не се знае дали ќе биде подготвен за Мундијалот.
Тоа го потврди и Пеп Гвардиола, кој реално нема многу опции на бековските позиции.
„Вокер е повреден и тоа е проблем за нас. Немаме многу решенија на бековските позиции, а Вокер го чекаат неколку недели одмор“, изјави Пеп.
Вокер е незаменлив за селекторот на Англија и на позицијата десен стопер во формацијата 3-5-2, па ова ќе биде голем удар за Саутгејт.
Англичанецот ќе биде во трка со времето за СП во Катар, а во тимот на Сити најверојатно ќе биде заменет со Серхио Гомез, што значи дека Жоао Кансело ќе оди на десната бековска позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal