Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалјос, ќе паузира подолг период од терените. Тој беше заменет во 53. минута од натпреварот против Осасуна поради проблем со мускулот, а медицински тестови покажаа дека повредата е сериозна и ќе биде надвор од терените околу два месеци.
Себалјос се повреди на бизарен начин и тоа во моментот кога упати додавање кон еден од соиграчите од Реал Мадрид.
Доколку се оствари она што го предвидуваат лекарите, речиси сигурно нема да го видиме Себалјос на теренот до почетокот на јануари.
Ова секако е уште еден удар за тимот на Карло Анчелоти, кој во последно време има многу проблеми со повредени играчи.
Неодамна се повредија Бензема, Модриќ и Куртоа, а сега на тој список се најде и Себалјос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













