Фудбалска среда во Македонија, а на програмата се натпреварите од осминафиналето на Купот на Македонија. Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Струга Трим Лум, на домашен терен го пречекува Работнички, кој доаѓа мотивиран по триумфот против Брегалница во Штип.
„Струга ТЛ е одличен тим, лидер е во првенството, но ние нема сигурно да одиме само да го видиме езерото. Имаме свои идеи, свои планови, имаме дефинитивно и квалитет за да одиграме нов добар натпревар“, изјави тренерот на „романтичарите“, Милан Илиевски.
Шкендија на домашен терен ќе го пречека Скопје и е голем фаворит, а Тиквеш во Кавадарци е домаќин на минатогодишниот финалист Силекс.
Актуелниот шампион Шкупи на Чаир ќе игра против амбициозниот второлигаш Воска.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар има релативно лесна задача против третолигашот Фортуна, а Академија Пандев за противник го има Љуботен.
Брегалница по поразот од Работнички ќе бара поправен во Штип против Пелистер.
Натпреварот меѓу Победа и Македонија ЃП е одложен поради настапот на младинците на Победа во Лигата на шампионите. Овој меч е презакажан за 19. октомври.
Натпреварите почнуваат во 14 часот.
ДВОЈКИ, КУП – ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 14.00)
Струга ТЛ – Работнички
Тиквеш – Силекс
Шкендија – Скопје
Брегалница – Пелистер
Шкупи – Воска
Академија Пандев – Љуботен
Вардар – Фортуна
Победа – Македонија ЃП (19. октомври)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













