Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, може да се пресели во Челси во текот на зимскиот преоден рок. Сопственикот на „сините“, Тод Боули, сонува да го види 37-годишниот Португалец во својот тим и планираше да го придобие минатото лето, но на оваа опција се спротивстави тогашниот менаџер на клубот Томас Тухел.
По отказот на германскиот стратег, бизнисменот може да му ја предложи оваа идеја на новиот менаџер Грем Потер и тој сигурно нема да ја направи истата грешка.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не е против овој трансфер, но одлуката целосно ќе зависи од Роналдо.
Португалската ѕвезда пристигна на „Олд Трафорд“ во својот втор период во клубот во летото 2021 година. Роналдо оваа сезона одигра осум натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигна еден гол.
Неговиот договор со Јунајтед е до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













