Tренерот на Унион Берлин, Урс Фишер, е позитивен на коронавирусот, поради што е неизвесно дали ќе го води тимот на натпреварот од Лигата на Европа против Малме, соопшти денеска германскиот клуб.
Позитивни се и дефанзивецот Тимо Баумгартл и играчот од средниот ред Тим Мачејевски.
Клубот додаде дека другите фудбалери биле негативни на тестовите на коронавирус.
Унион Берлин по осум кола е водечки тим во Бундес – лигата со 17 бодови, колку што има и Фрајбург на второто место.
Клубот од главниот град на Германија во четврток гостува кај Малме, во натпревар од третото коло од групата Д од Лигата на Европа.
Двете екипи загубија во првите две кола од Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













