Реал Мадрид утревечер ќе го пречека Шахтјор Доњецк без својот стартен голман Тибо Куртоа. Тој се уште не тренира со соиграчите. Белгискиот чувар на мрежата има проблем со грбот и нема да биде достапен за дуелот од третото коло во Лигата на шампионите.
На негово место ќе брани Украинецот Андреј Лунин, кој доби шанса и против Осасуна во Ла Лига.
Сè уште не е јасно колку се сериозни проблемите на Куртоа, но тој најверојатно ќе биде одморен и на првенствениот натпревар против Хетафе следниот викенд, како и на реваншот против Шахтјор следната недела за да биде целосно подготвен за „Ел Класико“ против Барселона на 16 октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













