Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин му одговори на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез во врска со обновувањето на идејата за Суперлигата.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека идејата за формирање Суперлига не е мртва, а одговорот на претседателот на УЕФА стигна многу брзо.
„Предолго зборувавме за тоа, за мене не постои, идејата за Суперлига веќе не постои. Ми кажаа што се случило во неделата и што рекол. Тоа практично значи дека идејата е се да се затвори и да се погрижиме големите да не играат со малите клубови. Ова ќе бара да се промени целиот европски модел. Ваквата идеја не заслужува дополнителен коментар, бидејќи би имало преголема разлика меѓу сиромашните и богатите, ќе нема баланс“, јасен е Чеферин.
Словенецот ја откри својата намера повторно да се кандидира за позицијата прв човек на европскиот фудбал.
„Се чини дека јас ќе бидам единствениот кандидат, никој не сака да си заминам. Веќе добив 55 писма за поддршка, би било чудно да не се кандидирам“, изјави Чеферин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













