
По мачните летни месеци во кои отсуствуваше од тимскиот собир и дел од подготовките, оправдувајќи го непристигнувањето во Манчестер Јунајтед со лични причини, а во исто време медиумите пишуваа за неговата желба да го напушти клубот, Кристијано Роналдо би можел да го постигне она на што се надеваше во јануари – трансфер во друг клуб.
Португалскиот напаѓач сакаше клуб кој ќе биде конкурентен во првенството и Лигата на шампионите, што Јунајтед во моментов не е. Гигантот од „Олд Трафорд“ по осум кола во Премиер – лигата со еден одигран натпревар помалку веќе заостанува девет бода зад лидерот Арсенал, а не е ниту во најсилното европско натпреварување.
Во последното коло го загуби градското дерби против Манчестер Сити со 3-6, со тоа што до 84. минута заостануваше пет гола. Роналдо тој меч го следеше од клупата и се уште го чека првиот гол сезонава во Премиер – лигата.
Сè уште со желба да се бори за титули и фрустриран од минутажата што ја има во клубот, Роналдо не се откажа од идејата да го напушти Јунајтед. Во летниот преоден рок неговиот агент го понуди на европските гиганти, но немаше заинтересирани барем по таа висока цена. Нов обид ќе има во зимскиот преоден рок.
Медиумите на Островот наведува дека клубот ќе биде подготвен за нови преговори во јануари и ќе се обиде да го искористи тоа што договорот на незадоволниот Роналдо истекува на крајот од сезоната. Исто така, доколку Роналдо го посакува овој трансфер ќе мора да се согласи на намалување на платата на неговата нова адреса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
