
Ливерпул подготвува спектакуларен трансфер за зимскиот преоден рок чија цел е Марсело Брозовиќ. Така тврди британски „Мирор“, повикувајќи се на извори блиски до хрватскиот репрезентативец.
„Црвените“ наводно се подготвени да му понудат на Интер огромна сума пари, само за да го доведат 29-годишниот играч од средниот ред на „Енфилд“. Брозовиќ неодамна потпиша нов договор со Интер кој го обврзува до 2026 година. Сепак, тоа не значи дека Интер нема да го продаде доколку добие соодветна понуда.
Барселона, Манчестер Јунајтед и Тотенхем веќе некое време се споменуваат како клубови кои би го сакале Брозовиќ, а реално само Јунајтед е тој кој освен Ливерпул би можел да издвои најмалку 80 милиони евра, што е реална цена за Брозовиќ во овој момент.
Со оглед дека Ливерпул летово не успеа да ги донесе посакуваните засилувања во средниот ред, Јирген Клоп очајно бара играч кој ќе го засили тимот во линијата за врска. Брозовиќ би бил речиси идеално решение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
