Шкендија реагираше одлично по паузата и успеа да слави на гостувањето во Прилеп. Ја совлада Победа со 1-3 иако домаќинот поведе рано на овој натпревар. Ѓурковиќ погоди во 12.минута за домашниот тим, но Дориев израмни непосредно пред полувремето. Сепак, реакцијата на Шкендија во второто полувреме беше одлична.
„На прво место го добивме тоа што го сакавме пред натпреварот и во оваа насока го реализиравме планот. За жал, се најдовме во негатива, но потоа ми се допадна реакцијата на тимот кој доминираше, создаваше шанси и погоди трипати за победа и три бода“, изјави Османи.
Тренерот на Шкендија вели дека има одлични поединци, но дека тимот ја има заслугата за трите бода.
„Фудбалот е тимски спорт и победите и поразите доаѓаат како резултат на тимот. Секако, задоволни сме што во тимот имаме поединци кои имаат способност да го носат тимот со својот квалитет, а Дориев е дефинитивно еден од нив. Постигна два прекрасни гола, асистираше за Шала и во текот на целиот натпревар беше на вистинското ниво во служба на тимот. Му честитам за одличниот настап, но заслугата е на целата екипа“, потврди Османи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski