
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше незадоволен од ремито против Осасуна (1-1). За првпат во сезоната „кралевите“ не победија на официјален натпревар и и ја препуштија лидерската позиција во Ла Лига на Барселона. Двата тима имаат еднаков број бодови, но Каталонците имаат подобра гол разлика.
„Не игравме со доволен интензитет. Дефинитивно немавме свој ден, но ја заслуживме победата. Генерално, не сум задоволен. Во второто полувреме имаше подобрување. Замените донесоа свежи идеи, но натпреварот не одеше според нашите планови. Нерешениот резултат е разочарувачки резултат“, прокоментира Анчелоти.
Тој застана на страната на Карим Бензема.
„Нормално е што Бензема не е во оптимална форма по повредата. Тој е нашиот најдобар изведувач на пенали. Не делуваше опасно? Во последните минути се играше фудбал кој не му одговараше. Една позитивна серија заврши, но можеме да започнеме уште една“, додаде италијанскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Осимен сака да остане во Галатасарај

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија
