Connect with us

Тен Хаг: Не го внесов Роналдо во игра од почит кон него и неговата голема кариера

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг објасни дека не го внесе Кристијано Роналдо, кој беше на клупата за резерви на дербито со Манчестер Сити, поради почит кон Португалецот и неговата кариера.

Холанѓанецот претпочиташе да се потпре на Маркус Рашфорд во нападот, а тој одигра лош натпревар и беше заменет во 59. минута од Антони Марсијал.

Французинот потоа постигна два гола и многумина коментираа дека Кристијано Роналдо повеќе не е ниту прв избор на менаџерот како замена.

„Немаше да го доведам во таква ситуација од почит кон самиот Кристијано и неговата одлична кариера. Причината беше што можев да му дадам минути на Марсијал што му беа потребни. Но, не сакам тоа да биде нагласено“, изјави Ерик Тен Хаг.

Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед со 6-3 во дербито на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови