Реал Мадрид првпат не победи оваа сезона, а бод од „Сантијаго Бернабеу“ украде Осасуна играјќи 1-1. Карим Бензема се врати во тимот по повредата, но не успеа да реализира пенал во финишот за триумф на „кралевите“. Осасуна во завршницата остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Унаи Гарсија.
Винисиус Жуниор во 42.минута на среќен начин, со оглед дека сакаше да нафрли, ја затресе мрежата на Осасуна. Израмни Кике Гарсија во 50.минута откако со удар со глава го совлада Лунин.
Во 79.минута, Карим Бензема ја погоди гредата од пенал, па Реал Мадрид првпат не успеа да стигне до триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













