
Манчестер Сити го совлада Јунајтед со резултат 6-3, а Ерлинг Халанд постигна три гола и забележа две асистенции и со тоа продолжи да ги поместува сите граници во Премиер – лигата.
Ова е ТРЕТ хет-трик за Халанд, иако одигра само 8 натпревари во Премиер – лигата, со што се израмни на листата со неколку легенди на англискиот фудбал. Николас Анелка, Дидие Дрогба, Френк Лампард, Ромелу Лукаку, Кристијано Роналдо и Џејми Варди досега имаат постигнато по три хет-трика.
Халанд исто така е првиот што постигнал три хет-трика на домашен терен во една сезона, а на „Итихад“ одигра само четири натпревари.
Норвежанецот веќе стигна до својот 14. гол, а само е почеток на октомври. Рекордот во една сезона го држат Алан Ширер и Енди Кол кои постигнаа по 34.
Ако продолжи вака, Халанд ќе постави рекорд кој веројатно само тој може да го собори.
Инаку, од почетокот на сезоната во сите натпреварувања Халанд постигна 17 гола на 12 меча, се предвидува дека до јуни да стигне до 50…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид фрли око на Душан Влаховиќ
