
Работнички оствари сигурен триумф (1-3) на гости против Брегалница во Штип. Фудбалерите му подарија дебитантска победа на новиот шеф на стручниот штаб Милан Илиевски откако го надиграа штипскиот тим кој го предводи Илчо Ѓорѓиоски.
Крсте Велкоски во 25.минута од пенал донесе водство за „романтичарите“, а израмни Милан Ѓокиќ во 63.минута. Неколку минути претходно Алтипармаковски не успеа да реализира пенал за домаќинот.
Во финишот, Работнички беше подобар. Во 76.минута Анес Рушевиќ постигна прекрасен гол со глава, а триумфот го потврди Крсте Велкоски со својот втор погодок, во 89.минута од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
