Младинскиот тим на Победа загуби со 3-2 на гостувањето против Корелејн во историскиот прв настап во квалификациите за Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години. Филип Тодороски, фудбалерот кој оваа сезона игра во сениорскиот тим во прволигашката елита, беше двоен стрелец за Победа, а реваншот се игра во Македонија и прилепскиот тим има реални шанси за пласман во следната рунда.
Џек Патон во петтата минута донесе водство за Колерејн, но Победа замина со предност на полувреме. Тодороски израмни во 42.минута, а во последните мигови од првиот дел постигна уште еден погодок.
Сепак, Колерејн направи пресврт во второто полувреме. Арон Кемпбел израмни во 52.минута, а седум минути подоцна Рис Вотон донесе триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













