Фудбалската репрезентација на Србија покажа класа на гостувањето против Норвешка, славеше со 0-2 со головите на Душан Влаховиќ и на Александар Митровиќ и го освои првото место во групата 4 од Лига Б. Србите на крајот собраа 13 бода и во следниот циклус ќе бидат дел од елитната Лига А, а комплетно го сопреа Ерлинг Халанд.
Шпанија успеа да ја победи Португалија на гости со 0-1 и обезбеди плејоф во Лигата А, заедно со Хрватска, Италија и со Холандија. Алваро Мората беше херојот на „црвената фурија“ со голот во 88. минута на дуелот во Брага.
Грција ја победи Северна Ирска со 3-1, во групата 2 од Лига Ц, а овој резултат е многу важен за селекцијата на Македонија. Со овој пораз на Северна Ирска, репрезентацијата на Македонија ќе биде дел од четвртиот барабан при извлекувањето на квалификациските групи за ЕВРО 2024.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













