Фудбалската федерација на Македонија упати благодарност до навивачите кои дојдоа на арената „Тодор Проески“ и дадоа поддршка на македонскиот национален тим на дуелот против Бугарија во Лигата на нации.
„Драги наши навивачи,
Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.
Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.
Од првата до последната минута.
На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.
До следниот натпревар, #НапредМакедонија ❤️💛“, се вели во објавата на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













