
Англискиот премиерлигаш Њукасл стапи во контакт со Шахтјор Доњецк околу трансферот на 21-годишниот Михаил Мудрик. Раководството на клубот е подготвено да плати 50 милиони евра и да го доведе во Премиер – лигата.
Мудрик долго време е цел на Баерн Минхен, а по него тргна и Челси, се чини дека Њукасл е подготвен да даде најконкретна понуда. Тој игра како крилен напаѓач, ги помина сите категории на Шахтјор, а како позајмен играше и во Арсенал Киев и во Десна.
За репрезентацијата на Украина забележа седум настапи, додека за помладите селекции на Украина има 28 настапи.
Мудрик има договор со Шахтјор до декември 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal