Connect with us

Барди: Добро да размислиме за игрите во репрезентацијата….Големо благодарам за публиката

Енис Барди го одигра јубилејниот 50. натпревар во дресот на Македонија, но ќе го памети по поразот (0-1) од Бугарија. Тој со капитенската лента ги предводеше соиграчите, но вели дека сите заедно треба да размислат за игрите во репрезентацијата.


„Со еден играч помалку бевме цел натпревар. Имавме и шанси за израмнување преку Алиоски и Дориев, но не ги искористивме. Од сите овие работи кои ни се случија, секој од нас, почнувајќи од мене, треба добро да размисли за следниот собир, да бидеме посериозни и повеќе одговорни во некои ситуации.


Овој натпревар го чекавме со голема желба, но фудбалот е таков. Од почетокот имавме играч помалку. Сакам да се заблагодарам до навивачите за поддршката, ова многу ни значи. Тие не бодреа 90 минути и веруваа во нас. Сакам да кажам дека мора да бидеме трпеливи и да размислуваме да одиме напред, за да имаме повеќе успеси“, изјави Енис Барди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови