
Репрезентацијата на Србија утревечер од 20:45 часот гостува во Осло во Норвешка во последното коло од Лига Б – група 4 од Лигата на нации.
„Орлите“ само победа ги води до првото место во групата, што значи пласман во елитната дивизија од Лигата на нации.
Главна сила на Норвежаните е еден од најдобрите фудбалери во светот, напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој игра во фантастична форма од стартот на сезоната. Новинарите се интересираа дали тренерот Драган Стојковиќ има посебен рецепт за него.
„Јас не сум готвач, па да барам рецепт за Халанд. Многу пати сум кажал дека тој е фантастичен играч кој игра во еден од најскапите тимови во светот. Во Манчестер Сити, тој е опкружен со соиграчи од врвна класа и секако во таа ситуација до израз доаѓа неговиот талент Сепак, играта што Норвешка ја загуби пред два дена против Словенија потврдува дека има решенија и за него. Навистина е тешко да се запре, но тоа не е невозможно. Треба да бидете максимално сконцентрирани, да се грижите за нивните нафрлувања од крилните позиции, контранападите и да не дозволувате да добие многу простор во нашиот шеснаесетник“, изјави Стојковиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal