Поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ повторно ќе биде дел од англискиот фудбал. Тој денеска беше назначен за нов менаџер на Вотфорд. Со член на Чемпионшип, Билиќ потпиша договор на година и пол.
Тој минатата зима се раздели со Пекинг Гуан и оттогаш беше без работа.
Од англиските екипи беше на клупата на Вест Хем и Вест Бромвич Албион. Тој беше тренер и на Хајдук Сплит, Локомотива Москва, Бешикташ и на Ал Итихад.
Шест години беше селектор на хрватската репрезентација од 2006 до 2012 година.
По десет кола од Чемпионшип, Вотфорд има шест бода помалку од Норич, кој е на позиција која води директно во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal