
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра последниот натпревар од Лигата на нации, а ривал е источниот сосед Бугарија. Мотиви за триумф има до него, а селекторот Благоја Милевски размислува да го направи составот уште поофанзивен. За таа цел, во средниот ред ќе биде уфрлен Александар Трајковски, кој ја надмина болеста и сега е максимално подготвен за настап.
Во пресрет на дуелот со Грузија во Тбилиси тој се мачеше со настинка и зголемена телесна температура, па доби шанса во вториот дел од натпреварот.
Сега Милевски размислува тој да биде стартер и да го добие местото на Елиф Елмас, а асот на Наполи да добие малку поповлечена улога во средниот ред.
Трајковски би делувал како полушпиц во формацијата 3-4-1-2, а пред него би биле Бојан Миовски и Милан Ристовски.
На голот ќе биде Столе Димитриевски, а триото во одбраната е Зајков, Велковски, Муслиу. На левата странична позиција ќе биде Езгјан Алиоски, а на десната повторно Стефан Ашковски.
Централен играч за врска повторно ќе биде капитенот Енис Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
