
Играчот од средниот ред на Јувентус и репрезентативец на Франција, Пол Погба, се надева дека ќе се врати на терените следниот месец и покрај тоа што неодамна беше опериран на коленото, пренесува „Тутоспорт“. 29-годишниот Погба планира да биде фит до 25 октомври за да игра против Бенфика во Лигата на шампионите.
Играчот од средниот ред моментно влегува во втората фаза од своето опоравување, преминувајќи од пливање и сесии во теретана на вежби на теренот.
Погба летово на слободен трансфер дојде во Јувентус и потпиша четиригодишен договор со клубот.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изјави дека на Погба му е потребно време да ја врати кондицијата за да биде вклучен во тимот за Светското првенство во 2022 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal