
Македонскиот клуб ФК Работнички претставуван од генералниот секретар Ненад Монев беше дел од 28. Генерално собрание на ЕКА кое заврши со повик за континуирана соработка, кохезија и меѓусебно поврзување во насока на развој на европскиот фудбал. Беа присутни 280 учесници од членство на Европската асицијација на клубови кои се состанаа, дискутираа и дебатираа за низа прашања со кои се соочува европскиот фудбал, вклучувајќи го меѓународниот календар на натпревари, системот за пренос, развојот на младинскиот фудбал и академиите, стратегијата за женски фудбал на EКA, еколошката и социјалната агенда на клупскиот фудбал.

Заедничките напори на УЕФА и на ЕКА ќе се фокусираат на машките клупски натпреварувања по 2024 година, на дистрибуцијата на приходи од клупските натпреварувања на УЕФА, програмата за клупски придобивки од Светското првенство во 2022 година.
На Генералното собрание го усвои буџетот за сезоната 2022/23.
„Со новата ЕКА, ние сме покреативни и многу подобро поврзани. Ова е духот што ќе ја обликува иднината на европскиот клупски фудбал. Со нетрпение го очекуваме следното Генерално собрание на ЕКА во Будимпешта во март 2023 година“, изјави претседателот на ЕКА, Насер Ал-Келаифи.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
