
Реал Мадрид ја доби градската пресметка против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ со 1-2 и го задржа максималниот ефект во Ла Лига. Тимот на Карло Анчелоти има шест победи во исто толку натпревари во шпанскиот шампионат.
Тензија не изостана и на ова мадридско дерби, а Родриго и Винисиус заиграа самба откако Реал Мадрид поведе. Родриго беше стрелец на голот во 18.минута за водство на „кралевите“, а Феде Валверде зголеми на 0-2 во 36.минута.
Атлетико Мадрид не се предаде лесно, успеа да намали преку Хермосо во 83.минута, но токму стрелецот доби црвен картон во судиското продолжение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal