
Македонскиот првак Шкупи отвора нова страница со старо-новиот тренер Гоце Седлоски. По десетдневни превирања и турбуленции на Чаир, Седлоски во петокот се врати во клубот, а денеска ќе го води тимот на дуелот против Работнички.
Шкупи направи многу „киксови“ за кусо време во Првата лига, па сигурно дека денеска сака три бода против „романтичарите“. Од друга страна, Работнички не стартуваше најдобро и на клубот од Дебар Маало му се потребни бодови.
Академија Пандев повторно го има Александар Васоски на клупата. По лошиот старт на сезоната замина Ѓорѓе Стојчев, а Тетовче денеска ќе го води тимот против Тиквеш во Кавадарци. Домаќинот го зеде скалпот на Шкупи, па јасно е дека ќе биде тежок ривал за „пандевци“.
Може ли Струга ТЛ до ‘седум од седум’? На крајбрежјето гостува Скопје, а тимот на Срѓан Захариевски дефинитивно е поквалитетен.
Брегалница посакува три бода на гости кај Победа во Прилеп. Составот на Илчо Ѓорѓиоски има капацитет за да се бори за висок пласман оваа сезона.
Вчера, Силекс славеше на гости против Македонија ЃП со 0-1. Стрелец на голот беше Дамјан Масевски во 80.минута.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО (денеска, 16 часот)
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
