
Тренерот на Интер, Симоне, Инзаги не го крие разочарувањето од поразот од 2-3 во миланското дерби. Тој верува дека неговиот тим заслужил да одигра барем нерешено на овој натпревар, преземајќи ја вината за поразот.
„На почетокот се играше израмнето, а потоа успеавме да поведеме со убав гол. По израмнувањето следеше половина час целосно затемнување во кое примивме уште два гола. Дадовме два убави гола, но примивме три и тоа е проблемот што не треба да ни се случува, особено не на вакво дерби. На крајот загубивме. Со оглед на се што создадовме во текот на играта, можеби заслуживме реми, но јас сум тренерот и ја преземам вината за тој половина час кога не бевме на вистинското ниво. Во толку важен натпревар моравме да се претставиме подобро“, изјави Инзаги.
Ова е втор последователен пораз на Интер по оној од Лацио и е доста загрижувачки.
„Ова беа два сосема различни натпревари. Сега имавме проблеми да ги завршиме нашите напади, бевме запрени од фантастичен голман, а примивме и премногу лесни голови. Ќе мора да ги решиме овие проблеми. На дерби, мора да покажеш нешто повеќе за да заслужиш триумф. После замените одигравме подобро, но факт е дека поради тој половина час кога примивме два гола, не можевме да се соземеме“, истакна тренерот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
