
Жозе Мурињо ја доби наградата за тренер на месецот во август во Серија А, но и неговата Рома доби казна од УЕФА за прекршување на Финансискиот фер-плеј (ФФП). Португалецот многу се разочара.
„Ова е механизам кој ги казнува виртуозите и ги наградува оние што имаат супермоќ. ФФП е заштита за нив, а казна за оние кои сакаат да направат чудо. Не може да биде фер да се потрошат 300 милиони, а да не е фер за оние со 30 милиони евра“, изјави Мурињо.
Рома имаше одличен почеток на сезоната. Во првите четири кола забележа три победи со што Мурињо го заслужи признанието за тренер на месецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal