Најтрофејниот македонски клуб Вардар ремизираше 1-1 на гостувањето кај Детонит Плачковица во третото коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Водство за вардарци донесе капитенот Дарко Мицевски од пенал во 44. минута.
Сепак, Детонит Плачковца израмни на 1-1 преку Зоран Андонов во 69. минута.
Пелистер оствари минимален триумф (0-1) на гости кај Арсими. Сашо Дуков беше стрелец на победничкиот гол во 64.минута
Гостивар по турбулениците одигра реми (1-1) на гостувањето кај Беса, а Воска беше убедлива (0-3) на гостувањето кај Каменица Саса. Два гола даде Бехар Фета, а погоди и Ален Јашароски.
ВТОРА ЛИГА, 3. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ДЕТОНИТ – ВАРДАР 1-1
КАМЕНИЦА САСА – ВОСКА 0-3
БЕСА – ГОСТИВАР 1-1
АРЕСИМИ – ПЕЛИСТЕР 0-1
БОРЕЦ – ТЕТЕКС 2-4
КАРАОРМАН – БЕЛАСИЦА 3-1
ПЕХЧЕВО – СЛОГА ВИНИЦА 0-0
ОХРИД – КОЖУФ 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













