Connect with us

Шчекиќ: Ќе биде тешко, но мотивот е максимален против шампионот Шкупи

По паузата во претходната првенствена рунда, фудбалерите на Брегалница повторно се враќаат на своите активности во Првата македонска фудбалска лига.


„Сините“ утре од 16 часот на Градскиот стадион во Штип, во рамките на шестото коло од ПМФЛ, ги очекува дерби-пресметката со актуелниот македонски шампион Шкупи.

Повеќе од сериозна задача за избраниците на Илчо Ѓорѓиоски, на која како што нагласуваат се подготвени да одговорат.

„Задачата нема да ни биде лесна. Не очекува тежок натпревар со најдобрата екипа во лигата. Шкупи располага со голем број квалитетни играчи кои сега носат дополнителен мотив за три бода по претходниот кикс со Победа. Свесни сме за тежината на средбата, но и подготвени да го дадеме максимумот затоа што тоа им го должиме на нашите навивачи. А, верувам дека ќе имаме силна поддршка од трибините за да дојдеме до позитивен резултат“, вели голманот на Брегалница, Немања Шчекиќ, за официјалниот сајт на клубот.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот, на Градскиот стадион во Штип.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови