
Холандскиот интернационалец Мемфис Депај остана на „Камп Ноу“. Иако имаше најави дека сигурно ќе замине од Барселона, а го поврзуваа со Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челси, на крајот тој сепак одлучи да остане во каталонскиот гигант.
Јувентус долго време преговараше за да го доведе во Торино, но на крајот се откажа и го потпиша Аркадиуш Милик, а во последниот ден од преодниот рок се водеа преговори со Челси. Сепак, на крајот ништо од тоа не се реализираше.
„Одлучив да останам во Барселона. Целосно сум посветен на придонес за успех на клубот“, напиша Мемфис Депај на социјалните мрежи.
Тој ги преседе на клупа за резерви натпреварите против Рајо Валјекано, Реал Сосиедад и против Валјадолид во Ла Лига, но се надева на поголема минутажа поради заминувањето на Пјер – Емерик Обамејанг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Евро-фудбал
Ливерпул купува дефанзивец од Бундес-лигата

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
