
Поротата на судењето на поранешниот велшки фудбалер Рајан Гигс вчера беше распуштена откако не донесе пресуда за вина по обвиненијата за семејно насилство против поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед.
Обвинителите тврдеа дека во ноември 2020 година Гигс ја нападнал и ја повредил својата поранешна девојка Кејт Гревил и ја нападнал нејзината помлада сестра. Тој е обвинет и за употреба на сила врз неговата поранешна девојка од август 2017 до ноември 2020 година.
За време на судењето, Гигс ги негираше обвинувањата, рече дека „никогаш“ физички не ја нападнал жената и признал дека бил неверен.
Судењето на Гигс во Манчестер траеше четири недели, но и по повеќе од 16 часа размислување, поротата составена од седум жени и четворица мажи не донесе одлука за неговата вина, а се очекува судењето да се повтори.
За време на 23 години во Манчестер Јунајтед, Гигс освои 13 титули во Премиер – лигата, два трофеи во Лигата на шампионите и забележа 963 настапи. Тој мораше да отстапи од селекторската позиција во репрезентацијата на Велс поради судењето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
