Англискиот премиерлигаш Челси е многу блиску до потписот на Едсон Алвaрез од Ајакс. Подготвени се да одвојат 50 милиони евра за играчот од средниот ред, а тој треба да потпише договор до 2027 година, со опција за продолжување до 2028.
Алварез е мексикански репрезентативец, има 24 години и игра на позицијата заден играч за врска. Томас Тухел сака да ја зголеми конкуренцијата на ова место во тимот иако ги има и Жоргињо и Нголо Канте. Сепак, Французинот многу често е повреден во последниот период.
Челси го очекува и потписот на Пјер-Емерик Обамејанг до последните мигови на летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal