
Милан успеа да се засили и да го реши прашањето за десниот бек. Договорен е трансферот на Сержињо Дест од Барселона.
Холанѓанецот, на кој Чави не смета, ќе пристигне на позајмица во редовите на италијанскиот шампион, а откупната сума е 20 милиони евра. Иако првите контакти не беа охрабрувачки, Барселона сакаше да се ослободи од Американецот, кој порасна во Ајакс, а во Каталонија пристигна во 2020 година како идеја на Куман.
Се шпекулираше дека Дест може да оди во Премиер-лигата, на крајот ќе заврши во Серија А. Она што го привлече Милан е неговата плата од 3,8 милиони евра, што е помалку од онаа што Одриозола ја заработува во Реал.
Шпанецот кој беше прва цел и кој минатата година беше на позајмица во Фиорентина беше првата идеја на Стефано Пиоли, но Реал сакаше задолжителен откуп, а платата на фудбалерот не се вклопуваше во плановите на Милан.
Сержињо Дест за место во тимот крај десната аут линија ќе се бори со капитенот Калабрија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
