Connect with us

Гризман е несреќен поради лимитираната минутажа во Атлетико Мадрид и сака да си замине

Антоан Гризман не е задоволен од моменталниот статус во Атлетико Мадрид. Французинот побара објаснување и понуда за решение за неговата специфична ситуација. Атлетико Мадрид најде „дупка“ во пресметката за да ја „изигра“ Барселона и да избегне да им ги плати задолжителните 40 милиони евра следното лето.


За тоа Гризман треба да помине 50% од времето на теренот оваа сезона, како и минатата, а Атлетико вешто го избегнува тоа. Гризман во првите три кола влезе по 60. минута, бидејќи клубот пресметал дека според програмата до половина час по натпревар ќе избегнат да платат 40 милиони евра.

Гризман бара излез и клуб кој би го прифатил во финишот од летниот преоден рок. Атлетико Мадрид преговара за намалување на неговиот откуп, но шансите Барса да го прифати тоа се многу мали. Во исто време, Гризман нема да прифати намалување на платата, бидејќи тоа веќе го направи минатиот 31 август кога се врати во Атлетико.

Не е исклучено сите три страни да се договорат и Гризман да најде нов клуб до крајот на преодниот рок, иако досега не се споменуваше ниту еден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови