Македонскиот првак Шкупи сака да го продолжи максималниот ефект во првенството. Досега има две победи, со оглед дека еден меч е одложен за друг термин, а тимот на Гоце Седлоски беше и слободен. Денеска (16 часот) на Чаир гостува Победа која досега нема ниеден освоен бод и јасно е дека Шкупи е голем фаворит.
Шкендија ја очекува гостување во Кавадарци кај незгодниот Тиквеш. Но, тимот на Артим Шаќири по поразот од Струга ТЛ сака да се врати на победнички колосек.
„Немаме друга алтернатива освен три бода. Сакаме да ја вратиме самодовербата, но и да оствариме триумф за да држиме чекор на првенствената табела“, изјави Решат Рамадани.
Македонија ЃП ќе биде домаќин на Работнички, а Струга ТЛ на домашен терен го пречекува тимот на Силекс.
Академија Пандев на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се сретне со Скопје, кој исто така има максимален негативен ефект на стартот од сезоната.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО (16 часот)
ШКУПИ – ПОБЕДА
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













